Барање на понуда за експерт за одржување обуки за воведување на концептот на социјално претприемништво во граѓанските организации
Почитувани, ЗИП Институт, со седиште на бул.Партизански Одреди бр.106/1-3, 1000 Скопје, како имплементатор на проектот: “Воведување иновативност во работењето на граѓанските организации преку социјално претприемништво”, проект поддржан од Британската амбасада во Скопје спроведуван од Фондацијата Метаморфозис, има потреба од прибирање понуди за експерт за одржување 6 еднодневни обуки за воведување на концептот на социјално претприемништво во граѓанските организации. Обуките ќе се одржат во Скопје во март 2017 година на македонски јазик.
Повеќе детали можете да најдете во долунаведениот документ.