ОТВОРЕН ПОВИК ЗА НАТПРЕВАР ВО БИЗНИС ПЛАН
Проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување”, финансиран од Европската унија, имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади, РОЖМ Даја, ЗИП Институт и Футуре 21 објавува
За избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис
Главна цел на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот, преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување” е да го фасилитира процесот на интеграција на младите луѓе од етничките малцинства во земјата, преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот. Овој проект исто така цели да ги зголеми капацитетите за вработување и само-вработување на младите луѓе од етничките малцинства, да помогне во формирањето на нови бизниси, како и да креира движечка сила која ќе овозможи градење на капацитетите на младите луѓе од етничките малцинства како континуирана поддршка за професионален развој.
Целни групи на проектот се: млади луѓе и жени од етничките малцинства од земјата, релевантни институции и организации кои работат на поддршка на жените и малцинствата, како и компании како потенцијални работодавачи.
Проектот е со времетраење од декември 2015 до август 2017 година.
1. Услови за учество и наградување
· Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години.
· Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со еден бизнис план.
· Со еден бизнис план може да учествуваат најмногу 4 лица.
Услов за добивање на паричната награда е формирање на претпријатие. Претпријатието треба да се основа по завршување на натпреварот во рок од еден месец. Носителите на бизнис планот воедно мора да бидат основачи и сопственици на претпријатието (за истото ќе треба да се приложи Решение од Централен регистар за новорегистрирано претпријатие).
Услов за учество е бизнис плановите да бидат изготвени согласно Урнекот за пишување на бизнис план .
2. Користење на средствата
Ќе бидат наградени 5 најдобри бизнис планови, секој од нив финансиран со најмногу 3000 ЕУР во денарска противредност.
Средствата може да бидат искористени само за следните буџетски ставки:
– опрема
– човечки ресурси
– кирија за период од 01.05.2017 до 01.08.2017
– комуналии
– трошоци за регистрација на фирма
– канцелариски материјали
– истражување
Секој добитник на награда ќе потпише договор со имплементаторите на проектот, каде ќе бидат предвидени условите и обврските на двете страни. Проектот ќе ја врши набавката на средствата, според однапред определниот буџет на добитниците на наградите и планот за набавка.
Сите трошоци треба да бидат подмирени најдоцна до 01.08.2017. Оние трошоци кои ќе бидат направени по завршување на овој период, се сметаат за неважечки.
3. Критериуми за оценување и избор на најдобри бизнис планови:
Критериум | Вредност % |
Изводливост на бизнисот | 15 |
Иновативност на бизнисот | 15 |
Опис на бизнис идејата | 8 |
Опис на производите или услугите | 10 |
Анализа на пазарот и индустријата | 13 |
Маркетинг стратегија | 8 |
Опис на производниот/услужниот процес | 10 |
Ресурси | 5 |
Организација на фирмата | 3 |
Финансиски план | 13 |
* При процесот на рангирање, предност ќе имаат млади лица од ромска националност и жени.
4. Поднесување на бизнис планот
Апликантот треба да го пополни образецот урнек за бизнис план објавен на следниот линк:https://goo.gl/2ilS5g. Бизнис планот треба да е најмногу 15 страни, вклучувајќи ја насловната страна, фонт 11, проред 1.0.
Бизнис плановите треба да се испратат најдоцна до 05.03.2017, до 23.59 часот, на е-пошта:info@yes.org.mk.
За дополнителни информации во врска со истите, обратете се кај: Фондација за Претприемачки сервис за млади, info@yes.org.mk и 02 3103 660.