До: сите заинтересирани страни Скопје, датум 03.07.2017
Предмет: Барање за доставување на понуди за подготовка на извештај за мерење на ефикасноста на проектни активности
Почитувани, ЗИП Институт, со седиште на бул.Партизански Одреди бр.106/1-3, 1000 Скопје, како имплементатор на проектот: “Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување”, финансиран од Европска Унија, има потреба од прибирање на понуди за подготовка на извештај за мерење на ефикасноста на проектни активности.
Експертот треба да ги исполнува следните услови:
- Да има работно искуство од најмалку 3 години
- Да поседува искуство во подготовка на документи за мерење на ефикасноста на проектни активности
- Да поседува искуство во анализа на податоци
Напомена: цените да бидат изразени во МКД без пресметан ДДВ (доколку се работи за фирма), а со вклучен персонален данок, доколку станува збор за индивидуален понудувач. Рокот за доставување на понуди е 3 дена од датумот на барањето односно 03.07.2017 Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на е-пошта: nazlije@zipinstitute.mk
Воедно Ве известуваме дека проектот е ослободен од обврската за плаќање ДДВ по издадени фактури, па согласно законот, фактурите издадени од добавувачи кои се ДДВ обврзници, треба да бидат генерирани од системот на УЈП, согласно следните податоците дадени во Решението за регистрација на даночен обврзник како прилог на ова барање.
Ви благодариме.
ЗИП Институт